Агенцијата за млади и спорт на Македонија ги објави сумите кои ќе ги добијат спортските федерации во 2023 година кога е во прашање ваучер системот. И годинава повторно најголем дел од колачот и припадна на Ракометната федерација на Македонија која ќе добие 14 милиони денари.
По неа е Кошаркарската федерација која ќе инкасира ваучер од 12.3 милиони денари, а со двоцифрена милионска сума е и Одбојкарската федерација која доби ваучер од 10.8 милиони денари. И оваа, како и минатата година, без ваучер остана Фудбалската федерација на Македонија.
ШКЕНДИЈА И ШКУПИ, МЗТ СКОПЈЕ И РК ВАРДАР СО НАЈГОЛЕМИ ВАУЧЕРИ КАЈ КЛУБОВИТЕ
Кај фудбалските клубови првите две места ги држат Шкендија и Шкупи кои ќе добијат по 11,5 милиони денари, а трет по ранкингот Академија Пандев еден милион денари помалку.
Кај ракометните најмногу ќе добие РК Вардар и тоа 17 милиони денари, а Пелистер 15,5 милиони денари.
Кај кошаркарските МЗТ Скопје ќе инкасира 13 милионии, а ТФТ Скопје два милиони помалку. Следува Пелистер со 9 милиони денари, па Феникс (8,6 милиони) па Работнички ќе добие 8,4 милиони денари.
СПИСОК НА ВАУЧЕРИ ЗА СПОРТИСТИ
СПИСОК НА ВАУЧЕРИ ЗА НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ