Во недела во Кичево се игра супер – дербито во ПМФЛ меѓу Шкупи и Шкендија. Ова е прв меч од пролетниот дел. Јасно е дека на тетовци трите бода им се приоритет, ако сакаат да се вклучат во битката за титулата, тогаш ќе мора да се победи Шкупи во Кичево.
Добра вест за стратегот на тетовци Ќатип Османи што двајцата клучни играчи Љупче Дориев и Ферхан Хасани заздрави од повредите, тие веќе тренираат со екипата и се подготвени да го дадат својот придонес на неделното дерби против Шкупи.
Имено и двајцата во изминатите неколку дена имаа проблеми со повредите, но сега се чини дека се е во ред и дека Шкендија ќе може во својот најсилен состав да го одигра овој исклучителен натпревар за нејзе.