Денеска на Светското првенство во алпско скијање во Мербиел и Куршевел се одржаа трките во паралелен велеслалом во женска и машка конкуренција.
Во Мерибел се одржа женската трка и победничка е Марија Тереза Твиберг која и го донесе на Норвешка првото злато на ова СП и воедно си го освои своето прво злато на светските шампионати.
Среброто замина кај Швајцарката Венди Холденер, а бронзата кај уште една норвешка скијачка Теао Луис Стјернесунд.
Во машка конкуренција во Куршевел победи Александер Шмид. Германецот во големото финале беше подобар од Доминик Рашнер од Австрија кој заврши на второто место. Третото место односно бронзениот медал му припадна на Тимон Хауган од Норвешка.
..
Nous avons des nouveaux Champions du monde de parallèle ! 🏆⛷⛷
🇬🇧 We have new Parallel World Champions! 🏆⛷⛷#courchevelmeribel2023 #courchevel #meribel #ski2023 pic.twitter.com/xpJxYcHbdx— Courchevel Méribel 2023 (@CM_2023) February 15, 2023