Атанасовска не успеа да ја заврши велеслаломската трка на СП во Куршевел

89

Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Светското првенство во Куршевел, Франција.

Атанасовска утрово се појави на патеката во францускиот зимски центар на првата трка од женскиот велеслалом со стартен број 66, но по успешно минатиот прв сектор во вториот направи грешка и не успеа да ја заврши трката.

По првата трка за денешниот велеслалом води легендарната Американка Микаела Шифрин, пред Теас Ворли од Франција и Федерика Брињоне од Италија.

ПретходноСтојковиќ ќе остане селектор на Србија: Џајиќ му верува на Пикси
Следно11. ден се трага по Атсу: Две теории каде бил фудбалерот за време на земјотресот