Микаела Шифрин освои нов златен медал на Светските првенства во алпско скијање. Денеска најдобрата скијачка победи на велеслаломската трка во францускиот Куршевел и Мерибел.
Шихфрин запиша време од 2:07.13 минути, за двананесет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка, Федерика Брињоне. Бронзениот медал и припадна на Норвежанката, Рагнил Мовинкел која доцнеше 22 стотинки зад Амриканката.
It’s GOLD for @MikaelaShiffrin in the World Championships Giant Slalom!!!! #StifelUSAlpineTeam 🥇🏆🏅 pic.twitter.com/HfK138bTlC
— U.S. Ski & Snowboard Team (@usskiteam) February 16, 2023