Калид Басит (26), по пауза од 2,5 години и официјално се врати во Македонија ЃП. Со него „лавовите“ добија супер засилување во нападот. Познато е дека интернационалецот од Гана кога играше за Македонија ЃП беше еден од најдобрите поединци во тој тим и тоа во периодот од шест месеци кога остави одличен впечаток. Во јануари 2021 Басит направи трансфер во Есперанц, за да потоа беше дел од Шериф, а беше член и на Ал – Тадамон.
Да споменеме дека “Спортмедиа“ уште пред неколку недели го најави овој трансфер.