Лавовска победа на Пелистер 2 против Бутел Скопје!

121

Пелистер 2 со голема победа се враќа од гостувањето кај Бутел Скопје. Битолчани имаа негатива од шест гола во првото полувреме, во неизвесна завршница со голот на Митревски славеа со 23-24.

Ова е прва победа за Пелистер 2 во плеј-офот, прва после долгата серијата на порази. Избраниците на Александар Јовиќ покажаа лавовска битка на теренот, играа до последната секунда, на крајот наградата дојде, заслуженос е радуваа на триумфот.

Домашниот тим беше одличен во првото полувреме, имаше водство од шест гола на стартот на (10-4), па 13-8, а по 13-9 на одморот, работите на теренот се променија.

Ракометарите на Пелистер 2 не се откажаа од помислата дека оваа средба може да добие поинаков тек. Битолчани трпеливо ја топеа предноста на противникот, по 21-18 со серијата од 3-0 израмнија на 21-21 во 56. минута, а нешто подоцна и поведоа.

Павле Петровиќ во 59 минута стрелаше за прво водство од 22-23. Мајиќ не успеа да израмни од седум метри. Јовиќ повика тајм-аут, неговите момци беа на потег, Петровиќ не успеа да реализира, но Мајиќ се поправи за 23-23. На другата страна Митревски во последните десет секунди реализираше за 23-24.

Стоилевски и Петровиќ со по шест гола беа први стрелеци кај битолчани, на другата страна Мајиќ беше стрелец на осум погодоци.

ПретходноОсма едноподруго победа на Борусија Дортмунд (видео)
СледноТотенхем го победи Вест Хем и скокна во Топ 4 (видео)