Тешко и со само еден гол, фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Атлетик Билбао во натпреварот од 22. коло на шпанската Примера.
Одлуката падна во вториот дел, кога Антоан Гризман постигна еден убав погодок за водство и триумф на „јорганџиите“ од 1:0.
Во меч во кој не се нагледавме којзнае каков фудбал, првиот вистински обид дојде дури кон крајот на првото полувреме. Во вториот дел иако изгледаше дека дуелот оди кон реми, во 73. минута од никаде се појави Антоан Гризман, кој по асистенцијата на Депај тргна кон голот на гостите и постигна гол за победа.
По оваа победа, Атлетико Мадрид е на четвртото место во Примера со 41 бод, додека Атлетик Билбао е седми со 32 бода.
Antoine Griezmann.. Still World Class. pic.twitter.com/niDIJAOmY0
— Maximiliano Bretos (@MaxBretosSports) February 19, 2023