Трансфермаркт: ПМФЛ вкупно вреди 37 милиони евра, Шкендија и натаму наш најскап тим, Дориев, Алварез…

2795
Processed with VSCO with m5 preset

Иако веќе се одигра едно коло од пролетниот дел, сепак како што е традција на „Спортмедиа“, и сега ќе се занимаваме со тоа колку пари, според „Трансфермаркт“, вреди нашата ПМФЛ или елитна лига, потоа кој клуб е најскап или највреден и кој од играчите има најголема цена.

Не е тајна дека вкупната цена на нашата ПМФЛ од сезоната во сезона е се помал, па така во пресрет на пролетниот дел таа изнесувала 37.780.000 евра или трипати помалку од еден Динамо Загреб кој вреди 97.300.000 евра. Значи сите наши клубови од елитата заедно вредат само една третина од цената на Динамо Загреб.

Кога сме кај клубовите, табелата можете да ја видат подолу, и натаму наш најскап клуб е Шкендија со 6.650.000 евра. Не така одамна, пред 5-6 години тетовци имаа цена од 10 милиони.

На второ место е Шкупи со 5.750.000 евра, односно сите играчи на шампионот заедно вредат, според „Трансфермаркт“, 5,7 милиони евра.

Следува Силекс, па Струга ТЛ…

Интересно, несфатлив пад бележи Работнички. Клубот кој минатата деценија од 2010 до 2020 година беше убедливо наш трет најдобар и најскап клуб, по Вардар и Шкендија, сега се наоѓа на десеттото место со вредност од само 2.530.000. А некогаш вредеше и до 8 милиони. Помалку вредни од Работнички се само Скопје и Победа.

ТАБЕЛА – КЛУБОВИ

1.Шкендија 6.650.000 евра

2.Шкупи 5.750.000

3.Силекс 3.960.000

4.Струга ТЛ 3.830.000

5.Македонија ЃП 3.110.000

6.А.Пандев 3.010.000

7.Тиквеш 2.950.000

8.Брегалница 2.790.000

9.Работнички 2.530.000

10.Скопје 1.800.000

11.Победа 1.420.000

ВКУПНО: 37.780.000

НИТУ ЕДЕН ИГРАЧ СО МИЛИОНСКА ВРЕДНОСТ

Што се однесува до играчите, тука и натаму на прво место е Љупче Дориев од Шкендија со 800.000 евра, до него е Фреди Алварез со истатат цена. Следуваат Бејтулаи, Адетунџи, Шаља…

May be an image of 1 person, standing, playing a sport and grass

Интересно е тоа, за разлика од порано, што во нашата елитна лига нема ниту еден што е со милионска вредност, барем да дојде до 1.000.000 евра.

Во првите десет најредни има петмина од Шкендија, тројца од Шкупи и по еден од Струга ТЛ и Силекс.

May be an image of 3 people, people standing, outdoors and text

ТАБЕЛА – ИГРАЧИ

1.Љупче Дориев (Шкендија) 800.000

2.Фреди Алварез (Шкупи) 800.000

3.Егзон Бејтулаи (Шкендија) 700.000

4.Сандеј Адетунџи (Шкупи) 600.000

5.Аденис Шаља (Шкендија) 600.000

6.Наско Милев (Шкендија) 425.000

7.Хоган Укпа (Струга ТЛ) 400.000

8.Енур Тотре (Шкендија) 400.000

9.Марјан Ристовски (Силекс) 400.000

10.Да Силва Куевен (Шкупи) 400.000

ПретходноМаестро Лука Модриќ: Еве како “кралот“ вчера го шекна Ливерпул! (ВИДЕО)
СледноУрнебесно видео од Италија: Додека две девојки се бакнуваат на трибините, во позадина оди пцовката на тренерот! (ВИДЕО)