Одбранбениот фудбалер на Хрватска, Дејан Ловрен нема повеќе да го носи дресот со националните обележја. Искусниот, 33-годишен фудбалер за својата одлука го известил и селекторот Златко Далиќ и луѓето од Хрватскиот фудбалски сојуз, a потоа испрати официјално соопштение до навивачите и медиумите.
Ловрен зад себе има сребрен медал од СП 2018 во Русија и бронза од СП 2022 во Катар. Инаку севкупно тој има 78 настапи за Хрватска и пет гола.
View this post on Instagram