Цветановска 86., Јада и Дамјановски со пласман на 108. и 111. место на спринт-класик

115

Македонските нордијци денеска ги имаа премиерните настапи на Светското првенство на Планица во Словенија. На првите трки во спринт-класик, боите на Македонија во машка конкуренција ги бранеа Ставре Јада и Дарко Дамјановски, додека кај дамите свој настап имаше Ана Цветановска.

Ставре Јада со време од 3:58,56 минути во генералниот поредок го освои 108. место, додека Дамјановски имаше време од 4:03,63 минути, доволно за пласман на 111. позиција. Во машкиот спринт-класик на стартот се појавија 133 натпреварувачи, а златото му припадна на Норвежанецот Јоханес Хосфлот Клаебо, кој победи во последната рунда со време од 2:56,07 минути пред сонародникот Пал Голберг, кој заостана 2.22 секунди, додека Французинот Жил Шапаз беше трет со 2.24 секунди.

Во женска конкуренција Ана Цветановска го освои 86. место во конкуренција на 99 скијачки кои се појавија на стартот. Цветановска оствари време од 4:56,94 минути. Во женска конкуренција сите три медали ги освоија Швеѓанки. Прва беше Јона Сандлинг (3:21.67), среброто го освои Ема Рибом (+ 0.87), а трета Маја Далквист (+ 4.45).

ПретходноКЛ: Тричко и АЕК Ларнака во осминафинале, шок за Партизан во Белград (ВИДЕО)
СледноАрсенал го прави Сака еден од најдобро платените играчи во тимот