Извонредниот Анхел Ди Марија ги постигна сите три гола за „Старата Дама“ во вечерашниот триумф од 3:0 на гостувањето кај Нант во рамките на плеј-оф колото во Лигата на Европа. По нерешените 1:1 на првиот меч во Торино, Јувентус потсети на најдобрите денови и на гости во Франција со моќна победа завери место меѓу 16-те најдобри екипи во второто по ранг европско натпреварување.
Ди Марија отвори со гол во 5. минута, по што домашните заработија црвен картон и се им тргна низ брдо. Аргентинецот погоди за 2:0 во 20. минута од пенал, додека третиот гол го постигна во 78. минута по асистенција на Влаховиќ.
Во осминафиналето на ЛЕ доминантно се пласираше и Спортинг (Л), кој по еочекуваното домашно реми 1:1, успеа на гости да го „демолира“ Митјиланд со 4:0 и да обезбеди место во следната фаза. Таму се и фудбалерите на Севиља, кои иако вечерва загубија со 2:0 кај ПСВ, поради убедливата победа од 3:0 на домашен терен успеаја да обезбедат место во следната фаза.
Мечот меѓу Монако и Баер (Л) и во овие 90. минути заврши со резултат 3:2, овој пат во полза на Германците, откако пред 7 дена беше 3:2 за Монако во Леверкузен. Мечот отиде на продолженија.
ПЛЕЈ-ОФ, ЛИГА НА ЕВРОПА
Митјиланд – Спортинг 0:4 (1:1)
Монако – Баер (Л) 2:3 (3:2)
Нант – Јувентус 0:3 (1:1)
ПСВ – Севилја 2:0 (0:3)