Мекинро: Не бидете смешни, пуштете го Новак да игра на турнирите во САД

2634

Новак Ѓоковиќ следната недела ќе игра на турнирот во Дубаи, но мали се шансите наскоро да биде виден на терените во САД. Поради сегашните, се уште актуелни правила за влез на странци во САД, Новак се уште не може да игра на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

Некогашниот број еден, Џон Мекинро, уште еднаш го крена гласот против правилата кои не му дозволуваат на најдобриот тенисер на светот да игра во Америка.

„Ова е смешно. Смешно е што не му е дозволено да игра. Апсурдно е што беше исфрлен од Австралија минатата година. Во овој момент, па дури и минатата година, знаевме дека може да игра, но не му дозволија. Некој да ми објасни. И сега не го пуштаат да игра повторно? Тоа е апсурдно. Ќе видиме, што ќе се случи“, вели Мекинро.

ПретходноСкендеровски одбра за Италија и Шведска
СледноПикфорд верен на Евертон до 2027 година