Легендата на фудбалот во Србија, и некогашниот капитен на репрезентацијата, Немања Видиќ денеска и официјално стана кандидат за претседател на Фудбалскиот Сојуз на Србија.
Фудбалска Србија бира свој нов прв човек, а покрај Драган Џајиќ кој веќе ја поднесе својата кандидатура, од денеска и официјално тоа го стори и Видиќ. Во друштво со Данко Лазовиќ уште еден сериозен авторитет во фудбалот кај нашиот северен сосед, тој ја пднесе документацијата за кандидатура.
Изборната трка ќе биде жестока и ќе трае околу две недели, а ни оддалеку не се знае кој ќе биде следниот прв човек на ФСС. Изборното собрание е закажано на 14 март.