Позната е одлуката на Комисијата за натпревари на ФФМ по повод случајот “Христовски“. Нема победа на зелена маса за Пехчево, значи мечот меѓу Гостивар и Пехчево се регистрира со тие 1:0, со постигнатиот резултат.
Инаку Гордијан Христовски сигурно нема да игра за Гостивар на следниот натпревар, а за понатаму што ќе биде со него допрва ќе се види, односно се ќе зависи од одлуката на Дисциплинската комисија, ако се знае дека и клубот и самиот фудбалер се предадедени на Дисциплинска.