Братско дерби во Битола, Скопје по цел плен во Неготино!

118

Единствениот меч од денешната програма во плеј-офот ќе се одигра во Битола. Во салата „Боро Чурлевски“  силите ќе ги одмерат братските тимови, Е.Пелистер 2 е домаќин на Е.Пелистер, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

Избраниците на Александар Јовиќ зад себе го имаат неверојатниот пресврт против Бутел Скопје за триумф, додека пак на другата страна Пелистер ја има исцрпувачката средба против Алкалоид во плеј-офот и минималната победа, како и поразот од Фуксе Берлин во Европската лига.

Поискусните од битолските „браќа“ се голем фаворит, но минатото вели дека за освојување на бодовите ќе мора да пристапат сериозно, бидејќи првата средба во Супер-лигата заврши со поделба на бодовите.

Што се однесува до плеј-аут, тука во центарот на вниманието е Скопје 2020. Избраниците на Горан Кузманоски тргнаа силно со две победи, следна задача е Вардар Неготино, кој покажа многу повеќе во изминатите две средби, го совлада Голден Арт и освои бод кај Радовиш. Мечот е закажан во 18:30 часот.

Први третото коло од плеј-офот ќе го отворат Јуниор К.В и Радовиш, два тима кои се наоѓаат во долниот дел од табелата.

ПретходноГалтие: Дербито нема да биде решавачко за титулата
СледноИ тоа го има во Ла Лига: Имаат повеќе црвени картони од бодови!