Наполи реди победи, Елмас на терен, Осимен погоди на осми меч по ред (видео)

166

Наполи повторно е на +18 на чело на табелата. Наполи го совлада Емполи со 2:0 во гости на денешниот меч од 24.коло на Серија А. Двата гола паднаа во првото полувреме. Исмајли со автогол донесе водство за Наполи, а во 28. минута Виктор Осимен ја затресе мрежата на домашните и тој резултат беше конечен.

Во 67 минута Марио Руи доби директен црвен картон, но тоа не го поремети Наполи во трката по трите бода. Елиф Елмас влезе во игра во 71 минута на местото на Кваратшкелија.

Осимен реализира гол(ови) на осум меча по ред и е вториот најмлад фудбалер откако се доделуваат по три бода во Серија А со вакво нешто после Роберто Муци на кого тоа му успеало во 1995 година во дресот на Каљари.

Осимен на последните осум меча во Серија А има  10 гола.

 

 

Empoli 0 – [1] Napoli – Ardian Ismajli OG 17′

Video Empoli 0 – [1] Napoli – Ardian Ismajli OG 17′ was uploaded to Streamin.me on Feb 26, 2023.

Empoli 0 – [2] Napoli – Victor Osimhen 29′

Video Empoli 0 – [2] Napoli – Victor Osimhen 29′ was uploaded to Streamin.me on Feb 26, 2023.

ПретходноЃорѓиев: Сиот респект за Работнички, но Брегалница има мотив за надигрување
СледноВардар Неготино не престанува да изненадува – го сопре Скопје 2020!