Вардар Неготино не престанува да изненадува – го сопре Скопје 2020!

641

Вардар Неготино продолжува со добрите резултати и игри во плеј-аутот. По триумфот над Голден Арт и ремито со Радовиш дојдоа до нова победа, овој пат на Скопје, на домашен терен го совладаа со 26-24 во меч од третото коло.

Првото полувреме речиси цело беше изедначено се играше гол за гол, по 9-9, домаќинот со серија од 6-2 на одморот замина со позитива од 15-11. Вардар Неготино успеа да фати ритам, одршуваше водство од четири гола. На другата страна Скопје не ја губеше надежта на минута и пол до крајот успеа да намали на 25-24, Адамовиќ постигна важен гол за 26-24. Кузманоски повика тајм-аут, но веќе немаше време ниту за бод.

Адамовиќ со девет гола беше прв стрелец, Митевски имаше 6. Кај гостите Киселовски запиша седум гола.

ПретходноНаполи реди победи, Елмас на терен, Осимен погоди на осми меч по ред (видео)
СледноКрејчикова со титула во Дубаи, а Медведев најдобар во Доха