ПМФЛ: Дербито е во Кратово, Силекс ја сопира победничката серија на Шкупи…интересно ќе биде на Маџари и Автокоманда

439

 

Попладнево од 14 часот закажани се четири меча од 20.коло во ПМФЛ. Јасно е дека дербито се игра во Кратово каде домашниот Силекс ќе се обиде да ја сопре победничката серија на шампионот од пет триумфи во серија и со тоа да и “помогне“ на Струга ТЛ да остане лидер. Во случај на победа среде Кратово, тогаш Шкупи за првпат сезонава ќе се најде на чело на табелата во ПМФЛ. За Силекс овој меч ќе биде прв оваа пролет ако се знае дека минатата недела беше слободен и затоа кратовци едвај чекаат да почне дербито со цел да го искажат својот потенцијал кој и не е така мал, напротив.
Чаирчани пак само победа ги интересира и ништо друго.

Шкендија ја дочекува Победа, а во Скопје ќе се играат два меча.

На стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари забревтаниот Работнички ќе ја дочека Брегалница на Горан Здравков. Да потсетиме дека пред две децении Здравков го носеше дресот на клубот од Градски парк, сега како тренер на “сините“ ќе оди на победа против “својот“ Работнички.

На Автокоманда домашниот состав на Скопје ќе ги одмери силите против Тиквеш, многу важен меч за „пиратите“, но и многу тежок ако се знае како играат сезонава кавадарчани.

Во ова коло слободна е екипата на Академија Пандев.

ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО-ДЕНЕСКА (14Ч)

Кратово: Силекс – Шкупи

Скопје: Работнички –Брегалница

Скопје: Скопје –Тиквеш

Тетово: Шкендија – Победа

ВЧЕРА:

Струга ТЛ – Македонија ЃП 0:0

А. Пандев е слободна

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 39, Шкупи 37, Шкендија 28, Тиквеш 27, Силекс 26, Брегалница 22, Македонија ЃП 21, Работнички 21, А.Пандев 15, Победа 13, Скопје 12…

ПретходноТренерот на Миовски се пошегува: На Бојан секогаш му велам трчај и давај голови!
СледноГаздата на Тотенхем си ја зголеми платата и предизвика гнев кај навивачите!