По малку изненадувачки, но сепак заслужено. Болоња со 1:0 на свој терен славеше против големиот фаворит, тимот на Интер. Победничкиот гол беше дело на Орсолини во 76.минута. Треба да се каже дека домашниот состав постигна гол и во првото полувремем, но тогаш ВАР го поништи.
Болоња беше подобар тим, посебно во првиот дел.
Со оваа победа Болоња одигра во некоја рака и за Наполи и Елмас, кој сега имаат +18 бодови како лидери пред вториот Интер.