Скалони продолжи со светските шампиони до 2026 година

104

Лионел Скалони ќе остане на кормилото на аргентинската фудбалска репрезентација откако потпиша нов договор со важност до 2026 година. Скалони ја однесе Аргентина до титулата на Копа Америка во 2021 година, а во декември минатата година стана и светски првак го потпиша договорот по средбата со првиот човек на аргентинската ФА Клаудио Тапиа во Париз.

„Си веруваме меѓусебно, комунацијата е едноставна и ефективна. Продолжуваме да инвестираме во нашиот проект заедно со Скалони, тренерот на светските шампиони“, изјави Тапиа.

Toa значи дека Скалони ќе ја предводи Аргентина и на СП 2026 година.

ПретходноМу нема спас: Потер во следните 24 часа добива отказ, Зидан, Енрике и Покетино кандидати за клупата на Челзи!
СледноКлинсман повторно селектор – сега на Јужна Кореја!