Неочекувано: Захариевски и Струга ТЛ се разделија

2746

Срѓан Захариевски ја напушти тренерската позиција во лидерот на македонската Прва лига Струга Трим Лум. Од клубот соопштија дека двете страни ја раскинуваат соработката и дека во наредните денови ќе именува нов тренер кој ќе го води тимот во пролетниот дел од шампионатот.

Захариевски помина речиси три сезони на клупата на Струга, а најголемиот успех го оствари во 2021 година кога стружани играа во Европа (Конференциската лига).

Струга се уште е лидер на табелата со 39 бода, но сега има два повеќе од вториот Шкупи. На последните три меча струшката екипа освои три бода (три ремија).

ПретходноУспешно опериран капитенот на Вардар, Дарко Мицевски
СледноТимот за 2022 година според ФИФА