Ливерпул го следи Канте, но тој прво ќе преговара со Челзи

155

Ливерпул, наводно, будно го следи Н’Голо Канте, кому летово му истекува договорот со Челзи.

Иднината на Канте се уште е неизвесна, бидејќи Французинот долго време е надвор од терените поради повреда, а договорот со Челзи се уште не е продолжен.

Ако Челзи не успее да му го продолжи договорот, Н’Голо Канте сигурно како слободен фудбалер ќе биде интересен за многу клубови, а во Ливерпул вече се подготвени да му понудат добра плата и договор кој ќе го задржи подолг период на Островот.

Медиумите пишуваат и дека Канте, засега е фокусиран на преговори со Челзи за продолжување на договорот на уште една година.

ПретходноСкалони не дал ниту еден глас за Мбапе и Бензема
СледноМакедонија ќе игра претквалификации за пласман на ЛОИ во Париз 2024