Што пазарат дел од мак-клубови – странци кои доаѓаат од Втората српска лига!

508

Пред продолжение на сезоната во Првата лига, клубовите направија промени во составите, кои треба да придонесат во остварување на целите, на дел за преживување, на дел за атак на местата кои водат во Супер-лига. Дел од играчите се познати, дел се нови. Она што за дел е заедничко е дека настапуваат во Втори лиги, како српската.

Новитет има и во редовите на Еуро Никел. Стефан Балмазовиќ треба да биде освежување во редовите на кавадаречкиот тим. Тој веќе има искуство во домашниот шампионат откако настапуваше за Работнички. Овој кошаркари беше дел од Борац Земун, кој игра за втората српска лига.

Гостивар пак донесе уште еден играч. Станува збор за Немања Жигон, кој исто има искуство во втората српска лига како член на Нови Сад.

Недим Мустафица од Пелистер се пресели во Чаир, ова ќе биде трето искуство во мак-тим, откако претходно беше дел и од Работнички. Дебитантот донесе и играч на бековската позиција, станува збор за Давел Роби кој доаѓа од Португалија.

Пелистер по заминувањето на Мустафица, се договори со Никола Силаџи, додека ТФТ го донесе поранешниот македонски репрезентативец, Марко Симоновски.

ПретходноМбапе до Меси: Ти си најдобар
СледноФановите на Реал “збеснаа“, Алаба гласал за Меси па после се правдаше!