Лудило во Сплит: Децата на Хајдук го урнаа големиот Манчестер Сити и изборија четвртфинале во ЛШ

4902

Фото: ФБ/Хајдук
Екипата на Хајдук приреди голема сензација денеска со тоа што го елиминира Манчестер Сити и се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Пред 7000 гледачи на „Пољуд“ момците на Хајдук го победија Сити со 2:1 со головите на Роко Брајковиќ и Мате Антуновиќ.

Сити намали преку норвешкиот интернационалец Оскар Боб меѓутоа англискиот тим не успеа да изедначи и да избори барем продолженија. Хајдук во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Борусија Дортмунд – Пари Сен Жермен.

Во четвртфиналето се пласира и Милан по триумфот над Рух Лвов со 1:0. Денес играат уште Дортмунд-ПСЖ, а утре се останатите дуели: Барселона-АЗ, Ливерпул-Порто, Атлетико-Генк, Спортинг-Ајакс, Реал Мадрид – Салцбург.

ПретходноКога Роналдо ќе ти помогне да ја ќариш Мис на Калифорнија!
СледноТотенхем потпиша со …Формула 1! (ФОТО)