Динамо Киев ја најави промоцијата на Рамадани

810

Македонскиот младински репрезентативец Решат Рамадани во секој момент треба да биде промовиран како нов член на украинскиот гигант, тимот на Динамо Киев. Играчот за врска кој има 19. години веќе е дел од тимот на Динамо, но се чека само официјална прмоција во клубот.

Од таборот на Динамо преку социјалните мрежи веќе ја најавија прмоцијата за своите навивачи, за кои секако Рамадани во моментов е тотална непознаница, но секако се надеваме наскор движечка сила за нивниот омилен клуб.

За потсетување, Решат Рамадани е момче кое е родено 2003 година и кое е еден од најдобрите млади фудбалери во моментов кај нас. Имаше минутажа кај Ќатип Османи периодов, но со заминувањето во Киев, неговата кариера оди на сосема друго ниво.

ПретходноГостивар со минус три бода и 1000 евра казна
СледноИван Тони ја призна вината за нелегално обложување