Го стави во игра, па по 15 минути го извади: „Тој нема почит кон фудбалот“

507

Немања Радоњиќ, крилниот напаѓач на Торино имаше лош настап на дербито со Јувентус. Тој влезе во игра во 59. минута, а беше повлечен во 74 минута додека неговиот тим загуби со 4:2. Тренерот на „ биковите“ Иван Јуриќ беше незадоволен од настапот на српскиот играч и после мечот порача:

Има работи што не можам да ги разберам. Според мое мислење, тој [Радоњиќ] има огромен недостаток на почит кон фудбалот. Има работи што треба да ги знаете, но кога ќе влезете на теренот и ќе го направите токму спротивното… Тоа значи дека не сте со умот на теренот“, нагласи тој за ДАЗН, набргу по последниот судиски свиреж.

Има талент, но јасно е дека во овие шест месеци не успеав да го направам фудбалер. При удар од аголот, мора да бидете присутни и будни. Можете да направите добро или лошо, но мора да бидете будни“, заклучи Јуриќ.

Радоњиќ, згора на тоа, беше многу незадоволен од замената, па дури и се скара со хрватскиот тренер барајќи од него објаснувања.

На социјалните мрежи Србинот остави порака: „Верувај во себе, дури и кога никој друг не го прави тоа. Господ гледа се“, напиша тој.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Струга ТЛ го назначи Шпетим Дуро за нов тренер!
СледноСтрашен пад на Превц на скокалницата во Планица, за среќа помина со мала повреда