Норвешката машка репрезентација во нордиска комбинација го освои златниот медал во екипна конкуренција на Светското првенство во Планица. Нордиската комбинација се состоеше од по еден скок на четворицата членови од големата скокалница и трка 4х5 километри.
Норвежаните Еспен Андерсен, Јенс Лураас Офтебро, Јорген Грабак и Јарл Магнус Рибер беа најдобри и по скокачкиот дел од натпреварувањето и стигнаа до целта први во трчачкиот дел за трето по ред екипно злато од светските првенства.
Со 9,0 секунди заостанување, Германците Ерик Френцел, Винценц Гајгер, Јоханес Риѕек и Јулијан Шмид го освоија сребрениот медал. Третото место и бронзениот медал отиде на градите на Австрија.