ФА Куп: Чурлинов и Компани одат на „Етихад“, Манчестер Ј. против Фулам

203

Синоќа откако беа комплетирани сите осминафинални натпревари од ФА Купот, беше извршена и ждрепката со која се формираа четвртфиналните двојки.

Се чини најинтерено ќе биде на дуелот на премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Фулам. Вториот пар го сочинуваат Манчестер Сити и Барнли на нашиот Чурлинов, а интересно е што враќање на „Етихад“ ќе има некогашниот капитен на шампионскиот состав на Сити, а сегашен менаџер на Барнли, Винсент Компани.

Брајтон ќе биде домаќин на четвртолигашот Гримзби, додека двата второлигаши Шефилд и Блекбурн ќе имаат меѓусебна пресметка.

ПретходноМилвоки не го дава врвот, КД дебитираше со победа и 23 поени (ВИДЕО)
СледноСо Лихтенштајн не победи ниту еднаш, а сега ќе биде тренер на Вадуц