Вчера во дербито на колото во Серија А, Лацио како гостин славеше среде Неапол со 0:1. Секако дека радоста кај сите во клубот од Рим беше голема, но тие не заборавија да го понижат својот градски ривал Рома, имено со една фотографија од соблекувалната тие го “пецнаа“ другиот тим од Рим.
“Овде беше тимот на Лацио“ стои пораката покрај празната соблекувална на социјалните мрежи.
А зошто е овој потег на Лацио?
Па пред извесно време кога Рома загуби од Наполи, во истата таа соблекувална, на барање на Мурињо, фудбалерите на Рома правеа селфи со цел да се подигне моралот и покрај поразот.
Токму затоа е ова “пецкање“ од страна на Лацијалите.