Голманот Гудвил Симон Сабио има пет настапи за репрезентацијата на Јужен Судан до 20 години, а е на списокот на селекторот за младинскиот Куп на африканските нации во 2023 година. Сабио игра за локалниот ФК Катор и има 18 години. Но што се појави неговата фотографија, фудбалерите и љубителите на фудбалот се сомневаат во неговата возраст.
„Нема шанси да има 18 години, тој сигурно има 46“, се само дел од коментарите.
Пред еден месец ФФ на Камерун објави дека 21 од 30-те фудбалери се исфрлени од У17 откако било докажано дека се повозрасни. Тоа беа поради резултатите од тестирањата од страна на ФИФА околу годините на фудбалерите кои доаѓаат од Африка.
View this post on Instagram