Двократниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен со неговиот Ред Бул ќе стартува од пол пзицијата на утрешната трка за големата награда на Бахреин со која што стартува Формула 1 сезоната.
Неговиот клупски колега Серхио Перез ќе биде исто така во првиот ред, додека од вториот стартен ред ќе тргнат возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц.
Трката за големата награда на Бахреин се вози утре со почеток во 16:00 часот.