Дејвис куп: Македонија ја победи и Андора со убедливи 3:0

314

Тениската репрезентација на Македонија ја запиша и втората победа во групата Б од 4 зона на Дејвис купот што се одржува на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Скопје. По триумфот над Косово со 3:0, денеска македонската репрезентација беше подобра од Андора исто така со 3:0.

Предност за Македонија донесе Калин Ивановски со триумфот над Дамиен Гелаберт со 6:2, 6:2 во меч кој траеше 54 минути. Следуваше триумф на Горазд Србљак над Ерик Сервос Ногуер со 6:0 и 6:1 со што беше запечатена победата. Се чекаше само резултатот. Во третиот меч, во парови, Обрад Марковски и Стефан Мицов  славеа против Дамиен Гелаверт и Жорди Триља Кланше со 6:1, 6:1.

Следниот меч Македонија го игра утре, а противник е Сан Марино, а во последното коло на 26 јуни ќе играме против Молдавија.

ПретходноMeталург стартува на 26 јули, подготовките ќе траат 42 дена
СледноЕУРО 2021: Финалистите од претходното ЕП во битка за пласман во нокаут-фазата