Откако Кирил Лазаров одлучи да ги поштеди Жарко Пешевски и Марио Танкоски, кои пријавија повреди, предводникот на нашиот најдобар национален тим одлучи да ги повика Мишевски и Аларов за квалификациските дуели со Португалија за ЕП 2024.
Македонската репрезентација на овие средби ќе биде видливо ослабена за овие средби, во составот нема да бидат Манасков, Георгиевски и Талески од искусните ракометари.
Македонија на 9 март на домашен терен ќе игра против Португалија, а три дена подоцна ќе игра против истиот противник и на гостински терен.