Тројна победа на Австријките на тешката Супер-Џи трка во Квитфјел

85

Австријката Нина Ортлиб победи на женскиот Супер-Џи во Квитфјел, Норвешка, во тројната победа на Австрија, откако зад Ортлиб завршија нејзините сонароднички Стефани Вениер и Франциска Гришч.

Ортлиб, која имаше стартен број 31, победи во трката обележана со лошо време, втора беше нејзината сонародничка Стефани Вениер, која тргна со стартен број 29, а трета финишираше уште една Австријка, Франциска Гришч.

Американката Микаела Шифрин, во трката во која требаше да се изедначи со рекордната 86-та победа на шведската легенда Ингемар Стенмарк, заврши само како седма, 98 стотинки побавна од Ортлиб.

Снегот кој падна во првиот дел од натпреварувањето и оневозможи на Шифрин со стартен број седум да постигне подобар резултат.

Кај скијачките во супервелеслалом води Италијанката Елена Куртони со 332 поени, втора е Швајцарката Лара Гут Бехрами со 313, а трета е Корнелија Хутер со 309 поени.

ПретходноНема подобар дефанзивец-асистент: Робертсон ги мина и Озил, Мата, Азар…
СледноРимјаните слават против Јуве: Мансини ја врати Рома во ТОП 4 во Серија А (ВИДЕО)