Навивачите на Манчестер Ј. ваков срам не доживеале скоро 100 години!

853

Манчестер Јунајтед вечерва на „Енфилд“ го претрпе најсрамниот пораз во Премиер лигата во клупската историја. Овие 7:0 на „Енфилд“ е најголемиот пораз на Манчестер Јунајтед досега во Премиер лигата.

Дополнително, овие 7:0 во негатива е повторување на најлошиот резултат на Манчестер Јунајтед во целата историја на клубот. До денес, клубот трипати загубил со 7:0 – од Блекбурн во 1926 година, од Астон Вила во 1930 година и од Волвс во 1931 година.

Бројките велат дека ваков срам навивачите на „црвените ѓаволи“ не доживеале 92 години!

ПретходноИнтер рутински го „реши“ Лече (ВИДЕО)
СледноФОТО ВЕСТ: Лидерот на опозицијата, градоначалници, спортисти како поддршка за футсал репрезентацијата