Некогашната ѕвезда на Манчестер Ј., Рој Кин ја критикуваше играта на својот поранешен тим на мечот со Ливерпул, кој „црвените ѓаволи“ синоќа го загубија со катастрофални – 7:0.
„Шокантен ден. Нашите најдобри играчи беа обесхрабрени. Тие не покажаа лидерски квалитети. Навистина тежок ден за Манчестер Јунајтед . Фала му на Бога, јас никогаш не сум бил дел од вакви порази. Играчите ќе се срамат и треба да се срамат од вакви работи, кога ќе тргнат наопаку. Тие едноставно се изгубија, не знам што да кажам повеќе“, рече поранешниот играч од средниот ред на Јунајтед.