Шпанскиот атлетичар Енрике Љопис заврши во болница по ужасниот пад на 60 метри со пречки на Европското првенство во сала во Истанбул.
Несреќниот Љопис се сопна на последната пречка, паднал на патеката, удри со главата и во истиот момент изгуби свест.
Брзата помош веднаш реагираше, а лекарскиот тим се упати кон патеката за да му помогне на шпанскиот спортист. За време на интервенцијата беа поставени и ќебиња за да се заштитат од очите на јавноста. На крајот на носилки Шпанецот беше изнесен од патеката и пренесен во болница.
Шпанската федерација подоцна објави дека нивниот атлетичар е добро и им се заблагодари на сите за поддршката.
Switzerland is coming through with some Sprinters here at #Istanbul2023.
Jason Joseph looking strong over the final 3 hurdles with a 7.41 clocking.Prayers up for Enrique Llopis.
That fall looked severe. pic.twitter.com/3Mn7cKxmvf— Unconventional Voices of Track & Field (@VoicesofTnF) March 5, 2023