Цупара скрши рака: Веспрем без српскиот голман за четвртфиналето во ЛШ

139

Српскиот репрезентативен голман и прв голман на унгарски Телеком Веспрем, Владимир Цупара, заработил скршеница на раката на неделниот првенствен натпревар против Татабања (28-27).

Според информацијата која ја потврдија од клубот, тој има фрактура на десната рака.

„Владимир Цупара заработи фрактура на метакарпалниот дел на десната рака на нашиот денешен натпревар против МОЛ Татабања КЦ. По натпреварот и рендгенските снимки направени во Веспрем има лекарска потврда дека скршеницата е тешка, па Цупара ќе мора на операција“, велат од Веспрем.

Првичните најави се дека Цупара ќе мора да ги пропушти натпреварите во период и до пет недели. Тоа значи дека тој дефинитивно ќе мора да ги пропушти натпреварите од ЛШ против Пик Сегед.

ПретходноФаворитите со „максималки“, Џио за малку ќе ги изненадеше тетовци
СледноМирсад Јонуз ќе биде нов тренер на Скопје