Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, сепак, ќе добие само еден натпревар суспензија. Иако, правилата на Ла Лига велат дека директниот црвен картон значи суспензија од два натпревари, ппоради тоа што е проценето дека се работи за само „нормален“ спортски фаул, Араухо ќе паузира само еден меч за Каталонците.
Уругваецот ќе ја одлежи суспензијата во следното коло на гостувањето на Барса во Билбао, а тоа значи дека ќе биде достапен за „Ел Класико“ на 19 март на „Камп Ноу“.
Ова е најдобрата можна вест за Чави Ернандез, кој во секое „Ел Класико“ го става Араухо на десен бек за да го чува Винисиус Јуниор.