Кремонезе се врати по негатива од 2:0, па загуби со гол во судиското продолжение (видео)

68

Екипата на Кремонезе беше блиску меѓутоа не успеа да освои барем бод на гостувањето кај Сасуоло во меч од 25.коло на Серија А. Сасуоло на полувреме имаше водство од 2:0 со головите на Лориенте и Фратези.

Во второто полувреме гостите од Кремона кои првата победа сезонава ја забележаа минатото коло против Рома стигна до 2:2. Десерс со два гола го изедначи резултатот меѓутоа последнопласираната екипа во шампионатот не издржа.

Во втората минута од судиското продолжение на мечот Бајрами постигна гол за победа на Сасуоло oд 3:2.

ПретходноКазната по тие 7:0: Тренинг во 9 часот, слушање на прославата на Ливерпул и закана со резервниот тим!
СледноБура во Шпанија – судиите ја туркаат Барселона кон титулата