Бура во Шпанија – судиите ја туркаат Барселона кон титулата

1116

На 14 кола до крајот на Ла Лига, Барселона има девет бодови помалку од Реал и е во добра позиција да ја освои првата титула после четири години. Меѓутоа никако сезона во Ла Лига да помине без скандал.

Валенсија е оштетена на „Ноу Камп“, Бетис цело второ полувреме против Реал требаше да игра со играч помалку, но никој не го виде фаулот на Аитор Руибал без топка го удри Каманвинга…

Весникот „Супер депорте“ излезе со насловна со наслов „Грабеж“ алудирајќи на чудните одлуки на судиите на мечот во Валенсија.

Хавиер Алберола не досуди пенал поради прекршокот на Френк Кеси над Фран Перез во 86 минута. Иако имаше контакт, ситуацијата не се прегледа ни преку ВАР. Притоа си поигра со зборовите користејчи ВАР на пример VARgüenza место vergüenza (срамота), а притоа го додаде и зборот „mano Negreira“ што во превод е раката на Негреира, алудирајќи на актуалниот скандал во кое се докажа дека Барселона со години го плаќала судијата Енрике Негреира.

Naslovna strana „Super deportea” iz Valensije

Додека каталонските медиуми ликуваат (на пример „Мундо депортиво“ напиша „Адиос Мадрид“, мадридските весници го критикуваат Реал кој на последните три меча даде само еден гол. А во Севиља Бетис и Реал одиграа со резултат 0:0.

Можеби ќе беше поинаку ако судијата Сесар Сото во првото полувреме го исклучеше Руибал поради удирање на Каманвинга без топка…

ПретходноКремонезе се врати по негатива од 2:0, па загуби со гол во судиското продолжение (видео)
СледноЕмиратите ѝ нудат на Евролигата револуција и 150.000.000 евра