ПМФЛ: Лидерот VS шампионот, супер – дерби покрај езеро, Јонуз на мегдан со “лавовите“, ќе биде “жешко“ под Шара и во Кратово

383

 

Денеска од 14 часот ќе се одиграат сите пет мечеви од 22.коло во ПМФЛ. Ова ќе биде последно коло од вториот круг за тековната сезона, па веднаш после завршување на сите денешни средби ќе се знае и распоредот за третиот круг, според “Бергер системот“. Токму затоа е супер важен исходот од супер – дербито во Струга меѓу Струга ТЛ и Шкупи. Во случај на победа или реми тогаш стружани последниот меч во сезоната, ако одлучува за титулата, против Шкупи би го играле повторно дома. Во случај на триумф на Шкупи, тогаш шампионот третиот круг би го стартувал како прв и веројатно решавачкиот меч за титулата, во мај, би го играл на Чаир, тој меч од последното коло во првенството.

Токму затоа овој меч е важен, а тоа кој ќе победи, или ќе биде реми, јасно е дека денеска нема да се решава кој ќе освои титулата, без разлика на се и двете екипи ќе имаат да одиграат уште по 10 меча.

Да кажеме дека денеска за првпат после три години Струга ТЛ нема да ја води Срѓан Захариевски,лидерот има нов тренер а тоа е Шпетим Дуро кој ја имаше таа “среќа“ своето деби на клупата на стружани да го има против Шкупи.

Во пресрет на денешната мега – пресметка со чаирчани, свој коментар има капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани:

“Максимално сме спремни за оваа супер пресметка со Шкупи. Радува фактот дека немаме повредени, верувам дека ќе го дадеме својот максимум и по три ремија во серија ќе дојдеме до победата“ рече покрај другото Шабани.

Уште еден тренер денеска ќе го има своето деби на клупата. Тоа е Мирсад Јонуз, еден од нашите најпознати и најдобри стратези кој со Скопје ќе се обиде да слави во скопската пресметка против Македонија ЃП.

No description available.

Под Шара се среќаваат Шкедија и Работнички, некогашни шампиони на Македонија.Двата клуба “тежат“ заедно осум титули, некогаш нивните дуели решаваа за титулата, за врвот, но веќе подолго време не е така. Работнички одамна не е она што беше, а Шкендија веќе втора сезона по ред и тоа како “поткашлува“. Но кога играат овие две екипи секогаш се игра отворено, на гол повеќе, атрактивно.Посакуваме така да биде и денеска.

Во Кратово се среќаваат забревтаниот Силекс и одличната Брегалница која оваа пролет сеуште нема примено гол. Силекс е во налет, ништо чудно ако продолжи со ова темпо дека до крајот ќе си ја бара шансата дури и за титулата.

И во последниот меч денеска, А. Пандев дома ја дочекува Победа. Секоја чест за прилепчани, но сепак “пандевци“ се за две класи подобар тим и се освен домашен триумф се друго ќе биде рамно на сензација.

Тиквеш во ова коло е слободен.

ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

А.ПАНДЕВ – ПОБЕДА

СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

ТИКВЕШ (СЛОБОДЕН)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 39, Шкупи 38, Шкендија 32, Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Работнички 24, А. Пандев 16, Победа 13, Скопје 13 бодови

ПретходноМилвоки победува и без Јанис, Ирвинг и Дончиќ за нова победа на Далас (ВИДЕО)
СледноЛејкерс го повлекоа дресот со бр. 16 на легендарниот Пау Гасол (ВИДЕО)