Милвоки победува и без Јанис, Ирвинг и Дончиќ за нова победа на Далас (ВИДЕО)

86

Лидерот на Истокот, Милвоки славеше против Орландо со 134:123 и ја постигнаа 18-та победа во последните 19 натпревари во НБА лигата. Бакс ги предводеа Брук Лопез со 26 поени и шест скока, Крис Мидлтон со 24 поени со 11 асистенции и Џевон Картер со 24 поени.

Од тимот поради болест отсуствуваше Јанис Антетокунмпо, а поради проблем со вратот го немаше и Џру Холидеј што на победата и дава посебна тежина.

Кошаркарите на Далас ја победија Јута со 120:116 и се израмнија со Голден Стејт на петтото место на Западот. Кајри Ирвинг со 33 поени, од кои 17 постигна во последниот дел со решавачка тројка беше лидер во составот на тексашаните, каде Лука Дончиќ додаде 29 поени, 10 скока и шест асистенции.

Лејкерс го победија Мемфис со 112:103 и се искачија на деветтото место во Западната конференција, кое води во плеј-офот. Ентони Дејвис со 30 поени и 22 скока и Денис Шрудер со 17 поени и девет асистенции беа најзаслужни за успехот на домашните. За време на полувремето, Лејкерс на свечена церемонија го повлекоа дресот со број 16 што го носеше легендарниот Шпанец Пау Гасол. Тој играше во три финалиња на НБА со Лејкерс и освои две титули откако беше трејдуван од Мемфис во 2008 година.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Милвоки – 123:134

Детроит – Вашингтон – 117:119

Њујорк – Шарлот – 105:112

Минесота – Филаделфија – 94:117

Оклахома Сити – Голден Стејт – 137 :128

Хјустон – Бруклин – 96:118

Далас – Јута – 120:116

ЛА Лејкерс – Мемфис – 112:103

ПретходноЛапорта за заминувањето на Меси: Морав да одберам или тој или клубот!
СледноПМФЛ: Лидерот VS шампионот, супер – дерби покрај езеро, Јонуз на мегдан со “лавовите“, ќе биде “жешко“ под Шара и во Кратово