Калин Ивановски тргна победнички во Франција!

228

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски запиша победа на првиот меч на ИТФ фјучрсот кој се игра во Кретеј, Франција. Тој го совлада Русинот Кирил Кивацев со 2-1, по сетови 2-6, 6-4 и 7-6.

Ивановски со триумфот дојде по пресврт. Првиот сет го загуби со 6-2, но веќе во следниот израмни на 4-6. Во решавачкиот трет сет, по голема борба македонскиот тенисер беше подобар со 7-6.

Во осминафиналето Ивановски ќе игра против Естонецот Данил Глинка.

ПретходноГоран Здравков: Горд сум на овие момци, Брегалница одигра феноменален меч во Кратово!
СледноКаков шок од Италија: На Јуве ќе му се вратат одземените 15 бодови и тоа поради процедурална грешка?