Селекторот на Португалија: Знаеме како ќе биде во Скопје, со поддршката од публиката!

139

Португалија како голем фаворит влегува на мечот против Македонија. Добро е познато дека на овие две квалификациски пресметки селекторот Кирил Лазаров нема да смета на неколку поискусни имиња, што пак дополнително ја зголемува фаворитската улога на противникот.

Селекторот Пауло Переира и неговите момци во Скопје пристигнаа порано, со оглед на далечината меѓу двете земји, одлучи во нашиот главен град да ги направи финалните подготовки.

“Имаме мал недостаток, а тоа е помалиот број на тренинзи одработени во однос на противникот. Го имавме долгото патување до Скопје. За разлика од нас, голем дел од играчите на Македонија настапуваат во тамошното првенство, па беше полесно да се соберат и подготват за оваа средба.

Знаеме како ќе биде тука во Скопје, со поддршката од публиката. Тоа се тешки натпревари. Меѓутоа, треба само да имаме добра комуникација на теренот за да го оствариме тоа што сме го планирале.

Нашата главната цел е да бидеме на првото место во групата, веќе размислувајќи за прашањето за ждрепката за следното ЕП. Мислам дека пред 4 или 5 години никогаш немаше да помислиме да зборуваме за ова, значи дека сме се искачиле на ниво погоре. Овие мечеви ќе го одлучат лидерот во групата, на истите ќе се игра брз ракомет, ќе бараат ротација“, изјави Пауло Переира. 

ПретходноСилекс и Скопје в сабота во Кратово
СледноСудиска анализа: Одлично судење на Стојчевски на дербито