ПМФЛ: Битка за Скопје на Чаир, лидерот против “лавовите“, штипјани сакаат домашен триумф, Шкендија ја дочекува А. Пандев

540

Денеска од 14 часот се играат четири средби од 23.коло во ПМФЛ или прво во третиот круг сезонава. Дербито се игра на Чаир, и тоа меѓу Шкупи и Работнички. Дуел на сегашниот и екс- шампионот на Македонија. Ова ќе биде и битка за Скопје.

Шкупи по цели четири месеци се враќа на Чаир, истече казната и сега до крајот на сезоната ќе ја “брка“ титулата на својот стадион кога ќе игра како домаќин а не во Кичево каде што играше досега.

Шкупи сака и прекин на лошата серија, имено на последните три меча момците на тренерот Седлоски освоија само еден бод.

Работнички има квалитет да изненади, но Работнички е тим кој може и непријатно да изненади. На последниот меч на Чаир тимот од Градски парк прими пет голови.May be an image of 7 people, people standing and outdoors

Лидерот Струга ТЛ по само две недели одново ја дочекува Македонија ЃП. Тогаш со тие 0:0, и два промашени пенали на Ибраими, му пресудија на екс – стратегот Срѓан Захариевски. Ќе видиме како денеска ќе одиграат момците на новиот стратег Шпетим Дуро.

May be an image of 7 people, people standing, people playing football and grass

Брегалница има одлични резултати оваа пролет, но Брегалница под водство на Горан Здравков не само што нема победа дома, реми со Скопје и Шкендија, туку нема постигнато ниту гол. Денешниот меч со Победа е супер – шанси “сините“ да покажат дека знаат да победуваат и дома, а не само на гости и со тоа да ги израдуваат уште еднаш своите фанови.

May be an image of 4 people, people playing football, people standing and grass

Шкендија пак под Шара ја чека тешка задача. На гости доаѓа забревтаната екипа на А. Пандев, во секој случај се очекува на овој меч атрактивна и отворена игра со многу голови.

Вчера, на “отворањето“ на 23.коло, Силекс со 3:1 го победи Скопје, Тиквеш во ова коло е слободен.

ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Струга ТЛ – Македонија ЃП

Шкупи – Работнички

Шкендија – А. Пандев

Брегалница – Победа

ВЧЕРА:

Силекс – Скопје 3:1

Тиквеш (слободен)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 42, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 35, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, А. Пандев 19, Скопје 14, Победа 13…бодови

ПретходноГолден Стејт во продолжение го победи Милвоки (ВИДЕО)
СледноЗлатното срце на Елмас: На семафори ја подари својата тренерка (ВИДЕО)