Македонската машка кадетска репрезентација дојде до нова победа над Романија. Избраниците на Раде Стојановиќ, во салата „Автокоманда“ денеска на втората контрола славеа со поубедливи 32-28.
Со овие две пријателски мечеви, кадетите успешно ја затвараат ЕХФ-недела. На првиот тест славеа со 31-30.
За постетување оваа репрезентација летово во Хрватска ќе игра на Светското првенство, ќе бидат во групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и победникот на IHF Trophy што треба да се оддржи во Костарика.