Словенија завери настап на ЕП 2024

126

Со уште една победа над Црна Гора, ракометната репрезентација на Словенија го завери своето место на Европското првенство во Германија во 2024 година. Во четвртокот во Подгорица Словенците победија со 32:29, а вечерва славеа и на реваншот на домашен терен со 37:30.

Словенија во есенските квалификации прво ја совлада Босна и Херцеговина со 28:20 во Марибор, а потоа Косово со 29:24 во Приштина. За крај ја очекуваат уште два меча, најпрвин на 27 април во Чазин против БиХ, а три дена подоцна ќе го пречекаат Косово во Велење, но и двата меча нема да имаат никаква важност за првото место во групата.

ПретходноКрафт најдолго во Холменколен
СледноОсмани по победата над А. Пандев: Победа во тежок натпревар