Викендов се вози ГН на С. Арабија: Ф1 спектакл под рефлектори во Џеда! (ВИДЕО)

107

Во недела од 18 часот на патеката во Џеда, се вози втората трка од годинашната сезона во Ф1. Тоа ќе биде уште еден спетакл, но сега под рефлектори зошто станува збор ноќна трка. Претходно денеска и утре, на програмата се вообичаените тренинзи.

Се очекува сува трка, се очекува и интересна трка без разлика што Ред Бул и посебно болниот Макс Верстапен се големи фаворити. Шаркл Леклер е казнет со минус од десет места. Сите се во очекување на нешто големо од Фернандо Алонсо со неговиот болид на Астон Мартин.

Инаку патеката во Џеда важи за една од најбрзите улични трки, во просек се вози со брзина од 250км на час, а важи и за доста опасна, ако се знае дека силниот ветар го распрснува песокот на самиот асфатл.

Сепак, повеќе од јасно е дека ќе следиме спектакл, уште еднаш, во Формула 1.

ПретходноПроблеми за Чави: Барса без Педри во неделното “Ел Класико“!
СледноГвардиола кажа кој би можел да го замени во Манчестер Сити